Солистички концерт на фолкерот Марјан Коцев. Концертот ќе биде насловен “Сите мои песни” , а пратечки оркестар ќе биде групата Дрим Тим.
Специјален гостин на концертот според најавата е Анета Мицевска од групата Молика.
Концертот ќе се одржи на 29 март во Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот. Билетите во претпродажба ќе бидат по цена од 300 денари.