Група “Чардак” со безрезервна подршка на македонската музика, посебно охридскиот мелос

Please follow and like us:
Pin Share

Охридската чалгиска група “Чардак” во целост го подржува неодамна формираното Здружение на музичари од Охрид и Струга и застанува позади сите нивни предлози и решенија се со цел поголема заштита на

македонската музика. Како што вели Златко, хармоникашот од оваа група иако не присуствувале на оснивачкото собрание на ова здружение, бидејќи снимае нова песна во истиот момент, тие го подржуваат овој потег за формирање на едно вакво здружение.

-Буквално во моментот кога ја снимавме песната “Стари крај”, се одржуваше основачкото собрание не присуствуваме, подршката наша ја имаат, колку може тоа да се изведе, колку тоа може да заживее не знам поради некои работи што ги знам како правни регулативи, Здружение на граѓани е дозволено а Здружение на музичари не е дозволено. Тука би искористил приликата да кажам дека лани кога бевме Америка и Австралија на турнеја, земавме членски книшки од естрада од Битола. До мај месец и повеќе од битолското здружение повеќе не важат, значи важат естрада Скопје, вели Златко.

Како што додава Златко, кога би биле со намера да се заштити барем она кое е здружение на охридската песна , бидејќи охридската песна и мелос е посебен, па долку станува збор за заштита на сето тоа, ние сме отворени за соработка во секое време, а за лични причини секој треба сам да си се избори. За општа соработка сме секогаш отворени, вели Златко.

Please follow and like us:
Pin Share