Оркестар “Маестрал”: Фестивалите не се некоја огромна реклама за нас!

Please follow and like us:
Pin Share

Битолскиот оркестар “Маестрал” претставува синоним за долгогодишно постоење на македонската сцена на еден музички состав. Членовите од оркестарот оваа година ќе го заокружат својот јублеј од 30 години

постоење на македнската естрада , како и издадени поголем број албуми и отпеани хитовски рефрени зад себе. Делуваат како едно а се доста барани по веселбите и свеченостите. За годинава најавуваат настап и на некој од фестивалските изданија во нашата земја.

-Одамна немаме настапено на фестивал, сме настапувале на неколку фестивали. Тоа е табу тема меѓу музичарите, малку задоволни многу незадоволни , не ги обвинувам организаторите , не е лесно и тоа да се организира, меѓутоа се јавува некое нездоволство , од кои причини и какви причини тоа е друга тема. Не нема, но не значи дека ќе не нема , па можеби ќе настапиме на некој фестивал оваа година. Две , три години наназад не сме биле на фестивал. Најредовни бевме на вашиот фестивал “Спасовден” , ќе видиме годинава, како ќе биде, истакнува Иле од оркестарот “Маестрал”.

Отсуството на фестивалските настапи на оркестарот “Маестрал” се должи на тоа што само два до три дена пред фестивалот се интензивира песната и потоа сето тоа спласнува. Како што додава Иле, подобро е преку медиум да се промовира песната отколку само при еден настап на фестивал и се останува на тоа. Фестивалите не се некоја огромна реклама за нас. Маестралци и за оваа година најавуваат снимање на нови песни и видео записи.

Please follow and like us:
Pin Share