
На 10 години го имала првиот јавен настап. Младата и талентирана пејачка Мими Јовановска, открива дека талентот за пеење е наследен од нејзината мајка. Мими веќе две години е дел од Да Капо бенд.
Нема некој кој би останал рамнодушен на нејзиниот прекрасен глас. Иако е релативно млада, Мими Јовановска е веќе доста успешна и цврсто чекори на македонската музичка сцена. При гостувањето во ИН продукција таа открива дека талентот за пеење го наследила од нејзината мајка, а првиот јавен настап го имала на 10 годишна возраст.
-Љубовта кон музиката ми е од мали нозе, а наследството ми е од мојата мајка. Таа не се занимава професионално, но има убав глас. А мојот прв настап беше на 10 години во Дом на Арм.-истакна Мими.
Младата пејачка е три години на македонската естрада, а веќе две години настапува заедно со Да Капо бенд. Мими е презадоволна од соработката со овие момци и вели дека засега не би сакала да настапува со друг бенд.
-Со Да Капо бенд е прекрасно да се работи. Освен тоа што работиме, ние и се дружиме, а се надевам дека и понатаму ќе продолжи нашата соработка.-додава таа.
Мими и Да Капо бенд веќе се во преговори за неколку турнеи надвор од Македонија. Со оглед на тоа што момците досега не настапиле во подалечните земји, се надеваат дека конечно ќе се оствари нивната желба за поголема турнеја.