Инстаграм ги отстрани сите фотографии на Северина со синот

Please follow and like us:
Pin Share

Откако српскиот бизнисмен Милан Поповиќ се избори пред хрватскиот суд за рамноправно старателство над синот Александар, кој го има со пејачката Северина Којиќ, тој и понатаму води борба околу тоа малолетниот син да не се експонира на социјалните мрежи.

Општинскиот граѓански суд во Загреб на 22 февруари пресуди во корист на Милан Поповиќ, а со пресудата Поповиќ ја доби двојната битка за рамноправно старателство над синот Александар.

Но покрај битката која ја водел, Милан долго време се бори за приватност на неговиот и синот на Северина, Александар, па Поповиќ се залага пејачката да не го доведува во опасност детето со неговото често експонирање на социјалните мрежи.

Во врска со тоа Инстаграм по трет пат на Северина и ги избриша сите фотографии со синот Александар!

Северина од Инстаграм тимот веќе добила предупредување дека е пред блокада поради тоа што повторно објавува фотографии со детето, а токму поради тоа на Милан Поповиќ во судската пресуда доделено му е правото самостојно да го застапува синот.

Поповиќ ќе се потруди максимално да го заштити синот по ова прашање, па ќе ја продолжи судската битка бидејќи судските одлуки се тие кои можат да го спречат доведувањето во опасност малото дете.

Please follow and like us:
Pin Share