Ѓоковиќ на прослава на 58. роденден на својата мајка (ВИДЕО)

Please follow and like us:
Pin Share

Ѓоковиќ со семејството бил во ресторанот „Новак“, каде и` приредил голема прослава на својата мајка по повод нејзиниот 58-ми роденден. Гостите најпрвин и пееле песна на Дијана, а потоа и донеле торта. На Инстаграм се појави видео од прославата.

Да потсетиме, Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија во средината на јануари по неколкудневна драма. Судот во Мелбурн, на чело со судијата Џејмс Олсоп, утврди дека одлуката на министерот Алекс Хок да му одбие виза на тенисерот е оправдана бидејќи Ѓоковиќ претставувал закана за австралиското јавно здравје.

https://www.instagram.com/p/CZJu5wlBaoX/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

Драмата на Ѓоковиќ во Австралија започна на 5 јануари, по што тој беше сместен во хотел за мигранти. Сето ова време неговата мајка, татко и брат целосно го поддржуваа.

Please follow and like us:
Pin Share