Ѕведата на Јувентус, Кристиано Роналдо има желба да го напушти клубот и може кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.
„Екип“ пренесува дека агентот на Роналдо, Жорге Мендеш започнал преговори со Манчестер Сити, кој е во потрага по врвен напаѓач.
Роналдо разговарал со некои фудбалери на Сити и дал зелено светло за трансфер на „Етихад“.
Јувентус е спремен да го пушти за да се ослободи од неговата висока плата, а за неговата слобода бара 25 милиони евра.
Роналдо се поврзува и со трансфер во ПСЖ, но во моментов е поблиску до враќање во Премиер лигата.
