Нашата позната фолк пејачка Сузана Спасовска денес слави и роденден и именден.
Спасовска денес го прославува својот 57 роденден, а на социјалните мрежи доби бројни честитки од фановите.
Популарната фолк пејачка за својот роденден објави фотографија на која блеска преубав цветен фустан и седи во поле, а во коментарите напиша:
„Денес е мојот ден! 24.08. Роденден и Именден! За многу години Св.Сузана!“
Следуваа голем број честитки од нејзините бројни обожаватели, но повеќе од сигурни сме дека најубавата честитка ја доби од внуката Клара.
Преубава честитка и напиша и водителката Ирена Спировска која во коментарите и го честиташе роденденот.
За многу години денот Суза, да си жива и здрава, среќна, насмеана до века распеана!!!“ напиша Ирена под фотографијата.
Инаку, Сузана е една од нашите најпознати пејачки на народна музика која македонската песна ја негува уште од 80-тите години на минатиот век.
Има снимено преку 15 самостојни аудио и ДВД изданија, а нејзините фанови ја нарекуваат „Сузе Национале“, „Златното грло“, „славејот македонски“.
Горда баба и феноменална жена
Сузана има ќерка, Теона Спасевска Василевска, која порасна во прекрасна жена и создаде свое семејство, а пејачката минатата година ја направи горда баба.



