Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ имаат своја јахта, која според медиумите чини околу 6 милиони евра
Познатата брачна двојка, заедно со сестра ѝ на Брена и пријателите, оваа година пловеле по Медитеранот.
И иако многу се зборувало за неа, а самата пејачката открила дека има шест спални соби, досега не покажуваа како изгледа целиот брод. Таа објавила фотографии пред јахтата со своите пријатели и членови на семејството, а потоа напишала дека ужива во одморот кој е многу важен за неа.
