Влатко Миладиноски : Соработката со ИН Продукција се зголемува периодов !

Please follow and like us:
Pin Share

Периодов се зголемува соработката со ИН Продукција. Влатко Миладиноски при интервју за ИН ТВ истакна дека е презадоволен од соработката со нив и дека истата дефинитивно ќе продолжи и во неговата понатамошна кариера.

Влатко Миладиноски е презадоволен од соработката со ИН Продукција. Тој во неодамнешното интервју истакна дека периодов таа соработка е зголемена, а се надева дека истата ќе продолжи и во иднина.

-Па со вашите внатрешни луѓе, да речам вашите водачи, Ване ќе го спомнам, морам да кажам дека соработувам од самиот почеток на мојата кариера. Тогаш беше во други телевизии, меѓутоа со него почнувам од првите песни, еве на пример пред повеќе од 10 години песната Кате Кате стана голем хит, беше преку продукцијата со која тој работеше тоа време. И до ден денес соработуваме, во овој период ја зголемивме соработката и се надевам дека тоа ќе продолжи во континуитет во иднина.-вели Миладиноски.

Тој неодамна во соработка со ИН Продукција го промовира видео записот за песната “Велат не нема” со која ја однесе победата на овогодинешното издание на Гоце Фест.

Покрај оваа песна тој во моментов подготвува и една преработка на народна песна од Пиринскиот дел, како и една демо верзија на песна со која ќе конкурира за Валандовскиот фестивал кој ќе се одржи во месец Мај. Со снимање на новите песни, полека но сигурно, Влатко го подготвува и неговиот трет албум.

-Се крчка лека полека, песна по песна, нашиот трет албум. Не сакам да ветам, но можно е оваа година или најкасно до другата веќе спонтано ќе се соберат песните да мора да издадеме еден албум, официјален со наслов и промоција. Сега работиме песна по песна, па откако ќе се соберат ќе размислуваме за тој чекор.-вели тој.

Влатко открива дека во моментов е во преговори за подалечна турнеја во Австралија и Америка.

–Имавме пауза од 4-5 години, па помисливме дека е вистинско време за нова турнеја и нови доживувања.-додаде тој при интервју за ИН ТВ.

Please follow and like us:
Pin Share