
Впечатлив настап во музичкото шоу “Никад није касно” на фолк дивата Благица Павлоска и Барбара Јаковлевска со песната “Чајорије шукарије”. Впрочем при гостувањето на Благица во нашата продукција таа
го најави овој настап за кој тогаш беше во исчекување да бидат повикани во ова музичко шоу. Во првиот круг не успеав јас да отидам, за да и дадам подршка , кога сум покрај нејзе се чувствува многу посигурно. На таа сцена да отидеш сепак е преголема одговорност,но таа веќе 30 години не е активна во пеењето , па штом не си активен ја губиш и сигурноста, вели Благица. Како што додава Благица , Барбара не успеала да влезе во првиот круг.
-На петти јануари бевме заедно. Пеевме заедничка песна. Се мислевме што да пееме, се одлучивме во знак на сеќавање на Есма Реџепова, која е покојна да ја испееме “Чајорије шукарије”. Ем песната е позната, секаде ја знаат ем е темпераментна за да можеме малку, да се разиграме, вели Благица.
Благица исто така се присети и на поранешните заеднички настапи со Барбара, на кои оставиле голем впечаток со нивното пресоблекување по три пати во една вечер, како и добрата публика од која биле наградени со голем бакшиш. Сепак различните патишта им го оневозможиле сето тоа, бидејќи Барбара се омажила во Швајцарија, а Благица заминала на асвтралиска турнеја.
Сепак, според Благица, доколку Барбара дојде до финале во ова музичко шоу, се надева дека повторно ќе имаат заеднички настап со Барбара.
