По скандалот во САД, Андреана Чекиќ раскина со момчето

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Андреана Чекиќ на почетокот на септември  се сврши со нејзиното момче Марко Миљковиќ кој се уште е во брак со сопругата Марина Милошевиќ со која има и ќерка.

Меѓутоа, наводно дошло до проблеми во врската меѓу Андреана и Марко, па во медиумите се појавија шпекулации дека често се караат, навредуваат, па дека и физички се пресметале. Имено, деновиве српските медиуми пишуваа дека наводно парот се скарал среде улица во САД, па дека и физички се нападнале.

Како што пишува српски Курир, избраникот на пејачката бил толку неподнослив, агресивен и дрзок кон неа, што членовите на групата и организаторите морале да интервенираат и да ги разделат.

Андреана на својот „Инстаграм“ ги избриша сите фотографии со Марко, но и повеќе не се следат на оваа социјална мрежа.

Екипата на пинк.рс се јавила кај пејачката за да ги прокоментира овие пишувања.

„Немам коментар“ било се што кажала пејачката.

Please follow and like us:
Pin Share