Ники Минаж се омажи

Please follow and like us:
Pin Share

Американската пејачка Ники Минаж со последната објава на социјалните мрежи потврди дека се омажила за контраверзното момче и продуцент Кенет Пети.

Ники уште во текот на летото го смени своето презиме на Инстаграм, а тогаш започнаа шпекулации дека наводно тајно се венчале, а сега тоа го потврди со видео на кое го пишува датумот на нивната свадба и дека сега нејзиното цело име и презиме е Оника Тања Марај Пети.

Минаж веќе долго време на социјалните мрежи објавува колку е среќна со Пети, а нивната врска речиси никој не ја подржува поради бурното минато на нејзиното момче.

Неговото криминално досие вклучува затворски казни поради обид за силување на 16 годишно девојче, а Пети е на слобода од 2013 година. Минаж недоамна во едно интервју откри дека сака да се повлече од музиката и да се посвети на семејство и одгледување на деца.

Please follow and like us:
Pin Share