Елена Јовческа и Стојне Николова во музички дуел

Please follow and like us:
Pin Share

Следејќи ги музичките трендови во соседството и регионот, Елена Јовческа и Стојне Николова влегоа во музички дуел. Станува збор за заеднички проект кој се состои од интересен микс со забавни и народни песни.

Важат за едни од најбараните фолк пејачки на македонската естрада во моментов. Атрактивните Стојне Николова и Елена Јовческа овојпат ќе ја изненадат својата публика со заеднички проект. Уникатни како и секогаш, на мошне интересен начин тие направија микс кој се состои од добро одбрани забавни и народни песни.

-Станува збор за еден микс од четири минути, за кој што идејата најпрво ја доби Елена, а јас со задоволство прифатив заедно да направиме еден ваков проект, досега нешто невидено во Македонија. Проектот испадна супер и очекуваме убава реакција од публиката. Јас навистина очекувам позитивни реакции. Веќе од нашите најблиски кои што го слушнаа миксот имаме само позитивни коментари, па се надевам дека и на поголемиот дел од публиката ќе им се допадне исто така.-истакна Николова, за естрадниот магазин Естрада плус.

Главен виновник за овој проект е Елена, која што во интервјуто ни раскажа како дошла идејата за вакво нешто и зошто одлучила проектот да го сними токму со нејзината колешка и пријателка Стојне.

-Знаете дека јас не седам мирна и цело време нешто размислувам што и како да се направи за да биде интересно и кога ми дојде оваа идеја, најпрво размислував со која колешка треба да го направам овој проект и кога станува збор за Стојне, приватно се дружиме што е многу битно, затоа што доколку сакаш нешто да правиш заеднички треба пред се, да бидеш близок со тој човек и да го познаваш доволно за да направиш нешто што ќе биде успешно. Јас ја викнав Стојне на кафе и викам имам нешто да ти кажам дали ќе сакаш. Одиме на кафе и јас заборавив да кажам за проектот, си се замуабетивме за сосема нешто друго, па после си заминуваме и ми се јавува Стојне, вика а што требаше да ми кажиш? Леле викам заборавив и така.-раскажува Јовческа, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, проектот е изработен во студиото на Бобан Мојсовски, а видеото е во соработка со ИН Продукција.

 

Please follow and like us:
Pin Share