Познатата балканска sвезда Цеца Ражнатовиќ, никогаш не кажа ниту еден лош збор за досегашните избранички на нејзиниот син Вељко.

За Маша Терзиќ, со која Вељко беше три години во врска, Цеца велеше дека е убава и културна девојка, додека за Богдана, сегашната свршеница на нејзиниот син има само пофални зборови, пишува српски Информер.
Според неа, Богдана Родиќ е убава и добро образована девојка која потекнува од домаќинско семејство. Како што вели, таа е воодушевена од својата идна снаа и со нетрпение ја очекува нивната свадба.

-Таа ми кажа навреме, за да можам да подготвам сè со родителите на Богдана. Двајцата убаво се согласуваат, тие се среќни и тоа е најважната работа за мене.-додава Цеца.
