Спасен Сиљаноски е препознатлив по неговиот стил на пеење, музицирање како и компонирање на неговите песни со кои навистина незнае да погреши и со секоја негова песна остава посебен белег во Македонската музика. Имено деновиве социјлните мрежи се преплавени со видео снимки и фотографии од неговиот настап во Швајцарија, па поради тоа нашата екипа успеa да стапи во контакт со дел од организаторите како и со дел од гостите кои беа присутни на прославата организирана од “изведен Ораовица-Дијаспора” Импресиите се преголеми и не стивнуваат.
Од организаторите добивме потврда дека оваа година се срушени сите рекорди на посетеност, односно од очекуваните 500-600 гости се појавиле три пати повеќе односно бројка од околу 1500 гости. Дел од гостите со кои нашата екипа стапи во контакт потврдуваат и се воодушевени од професионалниста како и скромноста на Спасен Сиљаноски… “
Тој е едноставно човек со срце како планина, голем патриот, и човек кој знае да биде еднаков и близок со неговата публика, човек кој знае да се симне од сцена и да заигра и запее заедно со неговата публика, а најубаво од се е тоа што непрекинато пееше 7 саати исклучиво Македонска песна, со тоа докажавме дека нашите Македонски прослави може да бидат и тоа како убави со Македонска песна”.. .
Ова го изјави за нашата екипа Гоце Попов кој воедно беше гостин на прославата во Швајцарија. Во контак со Спасен Сиљаноски тој беше скромен и краток како и секогаш : Во никој случај неможам да си го присвојам успехот само на себе. Ова беше успех пред се на организацијата “изведен Ораовица-Дијаспора” потоа на мене и мојот оркестар. Благодарам на сите гости кои што присуствуваа од сите краеви на Швајцарија па дури и Германија и Италија…..
Спасен Сиљаноски по враќањето од Швајцарија беше нетрпелив и веднаш се искачи со неговиот велосипед на Водно, онаму каде што секогаш црпи позитивна енергија..