Почина уште еден наш познат музичар

Please follow and like us:
Pin Share

Со голема болка и тага објавувам дека ноќеска почина Спасе Попов – легендата на скопската кафанска музика.
Ќе останат незаборавни неговите песни и рецитации на КОШТАНА и ЈАНИЧАРИТЕ, неговиот баршунаст баритон и беше голем работник, имаше енергија со часови непрекинато да свири и пее. Беше енциклопедија за песни, мислам дека немаше песна што не ја знаеше. Поминавме заедно повеќе од 20 години во музика и смеа.
Скршен од болка, изјавувам сочуство на неговата фамилија.
Бог да го прости, нека почива во мир.

Please follow and like us:
Pin Share