Младиот руски голман Александр Шишмарев трагично почина по судир со фудбалер на противничкиот тим.
Шишмарев (23) почина во Калининград по натпреварот помеѓу Балтика и Краснаја звезда.
Младиот голман на Краснаја Звезда се судри со противничкиот напаѓач, а лекарите се бореа за неговиот живот повеќе од еден час, но за жал не успеаја да го спасат.
Јавноста беше информирана дека Шишмарев се задушил со јазикот, а не починал директно како последица од повредата на главата.
Фудбалската федерација на Русија и двата клуба се збогуваа со младиот спортист и изразија сочувство до семејството.
