Познатиот актер брзал, па со хеликоптерот слетал во дворот на едно семејство! Луѓето се шокирале

Please follow and like us:
Pin Share
Том Круз (59) со хеликоптерот слетал на имотот на едно семејство во Велика Британија, и тоа заради сплет на чудни околности кои му се случиле кога тргнал на снимање.

Имено, славниот актер моментално во Британија го снима најновото продолжение на франшизата „Невозможна мисија“, а за време на летот наместо во воздушното пристанише, бидејќи многу му се брзало, слетел во првиот соодветен двор во кој можел да го стори тоа. Изборот паднал на семејството Веб во Варвикшир.

Луѓето биле во шок кога, пред се, виделе дека хеликоптер им слетува во дворот, а потоа и кога од истиот излегол ни помалку ни повеќе туку Том Круз.

На крајот актерот насмеан позирал со семејството, а за да се искупи за ненајавеното слетување решил да ги израдува најмладите членови, па ги поканил да летаат со него.

Please follow and like us:
Pin Share