Гигс за една расправија со Роналдо: Даде три гола и ми кажа – јас пијам што сакам!

Please follow and like us:
Pin Share

Рајан Гигс во подкастот на Манчестер Јунајтед откри некои интересни анегдоти поврзани за неговиот престој на „Олд Трафорд“.

 

Рајан Гигс во подкастот на Манчестер Јунајтед откри некои интересни анегдоти поврзани за неговиот престој на „Олд Трафорд“.

Посебно во јавноста привлече анегдотата во која Гигс зборуваше за тоа како реагирал Фергусон кога побарал после 20-тина натпревари да му биде доделен автомобил од клубот.

Гигс кој денес е селектор на Велс откри и дека имал една расправија со Кристиано Ронало во неговите почетоци. Имено, на актуелниот селектор на Велс не му се допаѓало тоа што Роналдо пиел „Кока-Кола“, тоа не било пракса во Јунајтед.

„Тоа беше одамна, тогаш имав жесток став. Можеби сум му кажал дека во Манчестер Јунајтед се држиме до некои правила. Но, потоа тој даде три гола и ми кажа: Јас пијам што сакам“, низ насмевка зборуваше Гигс

Please follow and like us:
Pin Share