Босанац си оди од „Ѕвездите на Гранд“? Нема повеќе да го гледаме во шоуто заради оваа жена!

Please follow and like us:
Pin Share

Драган Стојковиќ Босанац наводно нема да биде дел од тимот во новата сезона во „Ѕвездите на Гранд“.

Како што објавија српските медиуми, познатиот пејач можеби оваа сезона нема да го гледаме во познатото музичко шоу.

Наводно неговата сопруга смета дека не му се потребни толку напорни ангажмани и дека мора да мисли и на своето здравје.

„Босанац се мисли долго време, се уште ништо не е дефинитивно, но емисиите се снимаат и по 15 часа, а тоа за него е многу напорно. Неговата жена Дуња го моли да престане со тоа, конечно да се посвети само на себеси и неа, малку да уживаат. За финансиите не треба да се грижиме бидејќи доволно има заработено и сега може да одмора. Пред две години Босанац го оперираше срцето и уште тогаш докторите му кажаа дека не смее да се форсира и што повеќе да одмара“, изјави за „Свет“ извор близок до пејачот.

„Музиката што тој ја прави и форсира повеќе не поминува, доаѓаат некои нови генерации и музички правци потполно се променија, а тој не сака да и се приклонува на модата туку се држи до квалитетот. Што се однесува до останатите од жирито, ќе останат непроменети“

„Саша се уште не бара замена за Босанац бидејќи се надева дека ќе успее да го наговори да остане, а во тоа најмногу му помагаат пејачките Јелена Карлеуша и Ана Бекута. Но, на естрадата веќе се прочу дека Босанац сака да замина, па многу пејачи му се нудат на Поповиќ.“

„Има тука и вистински ѕвезди, но и од оние помали кои ветуваат дека ќе прават вистинско шоу“, вели изворот близок до пејачот за магазинот „Свет“.

 

 

Please follow and like us:
Pin Share