Александар Ицов со промоција на својот прв солистички албум…

Please follow and like us:
Pin Share

Речено – сторено….тоа што Александар Ицов и го вети на својата публика кога им ја подари разиграната “Михаелина игра”, за кратко време и го оствари. Композициите кои малку по малку се собираа во изминатиот период ни го донесоа на виделина овој долгоочекуван музички проект на Александар, неговиот прв солистички албум насловен како “Николова единаесетка”. За тоа освен самиот тој, неговата работа и желба за успеси голема заслуга имаат и колегите со кои успешно соработува како и неговото семејство кое му ја дава најголемата подршка и мотивација. Албумот содржи осум композиции од кои за четири од нив музиката ја напиша самиот Александар, за две ја напиша познатиот Сашко Велков, а две ора се народни за кои аранжманите ги облагороди Љупчо Соколовски. Освен Бубе како гости на албумот се појавуваат и Гоце Јанкулов (кларинет) и Демир Кантуроски (труба), а цедето го издаде “Сенатор” од Битола.

Неговата дарба за свирење на хармоника, гајда, зурла, тамбура и кавал ни посочува дека станува збор за еден сестран и успешен инструменталист. Неговото умешно владеење со македонските традиционални инструменти ни остава простор за нови музички проекти кои секогаш ќе бидат уживање за љубителите на овој вид музика….и потсетување за сите – кои се нашите вистински и незаменливи корени. М-р Александар Ицов работи како наставник по музичко образование во ООУ “Крсте П. Мисирков” во Радовиш каде сето свое знаење и талентираност за повеќето инструменти, ги пренесува на своите ученици. Своите ора (се разбира и останатите), секогаш со задоволство ги дарува на публиката која знае да ужива кога се во прашање вистинските мајстори на својот занает…исто како нашиот Александар Ицов. Нека се множат успеси!!!

 

Please follow and like us:
Pin Share