Баба Којиќ открива зошто се развеле Игор и Северина: Тој може уште пет пати да се жени, таа има 50 години!

Please follow and like us:
Pin Share

Бабата на Игор Којиќ (34), Добриjа Којиќ која има 85 години и живее во српското село Лозница, открива зошто нејзиниот внук се развел со Северина. Таа се огласи за хрватскиот портал 24sata.hr.

Баба Добрија присуствувала на венчавката на Северина и Игор во Белград во 2015 година, каде се собраа околу 600 гости, но Северина, како што вели, не останала во нејзиното добро сеќавање.

„Веднаш реков дека нема да има ништо од тој брак, дека нема да трае. Не ми се допадна однесувањето на Северина. Игор ја донесе да ме запознае, таа само ми ја подаде раката и повеќе не зборуваше со мене“, раскажува Добрија.

Според баба Којиќ, свекорот на Северина, Драган Којиќ-Кеба, потрошил цело богатство за венчавката на неговиот единствен син со хрватската пејачка.

„Немам добро мислење за неа. Нека се разделат. Тој е млад, може да се ожени уште пет пати. Северина во мај наполни 50 години!“ , вели Добрија Којиќ.

За разводот, според нејзината верзија, единствено виновна е Северина.

„Се скараа затоа што Северина сакаше да го води нивното домаќинство. Сакаше да го направи базенот сама. Не може така“, вели баба Којиќ.

Please follow and like us:
Pin Share