Северина за разводот од Игор Којиќ: „Тој е прекрасен партнер, секоја разделба е тешка, но јас не сум вреќа!“

Please follow and like us:
Pin Share

Северина и Игор Којиќ и официјално се разведоа вчера во Загреб. По тој повод пејачката за прв пат се обрати во јавноста и откри како стојат работите мегу нив.

Игор е прекрасен партнер, поддршка, беше со мене во најтешкиот период од мојот живот и му ја посакувам сета среќа на овој свет. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа за „млатење“. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување на глупости и непроверени трачеви. Мене мојот живот не можете да ми го уништите, но за вашиот се уште имате шанса да го поправите, порача Севе.

За нивната разделба се негодуваше доста време , а првите информации се појавија уште минатата година. Најпрвин демантираа, но со оглед на тоа што со месеци веќе не живеат заедно беше јасно дека дошол крајот.

Во брак беа шест години, а наводно првата кавга ја имале во домот на семејството на Игор, односно Северина се скарала со мајката на Игор, Оља, поради која престана да доаѓа во Белград.

Please follow and like us:
Pin Share