Саша Ковачевиќ ќе одржи хуманитарен концерт за помош на наши деца

Please follow and like us:
Pin Share

Големата балканска музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп, за помош на наши деца на кои им е потребно скапо лекување.

Ова е најверојатно прв случај кога музичар од регионот прави хуманитарен концерт кај нас. Средствата кои ќе се соберат од концертот се наменети за Мартин Стојаноски и Дејан Најдоски.

Мартин е од струшкото село Дрслајца. Тој во тешка сообраќајна несреќа се здоби со тешки телесни повреди, поради кои сега се наоѓа во инвалидска количка. Средствата се потребни за лекување во Москва, Русија. Дејан е мало момче од Прилеп и има аутизам. За подобрување на неговата состојба треба да замине на лекување со матични клетки на клиника во Турција.

И за двете момчиња веќе извесен период се споделуваат апелите за помош на социјалните мрежи и на официјалната страница за донации.

Хуманитарниот концерт на Ковачевиќ ќе се одржи на 30. ноември во спортската сала „Сонце – ГА” во Прилеп, со почеток од 21 часот, а влезниците ќе се продаваат по цена од 200 денари. Музичарот го најави настанот и на својата официјална страница.

Please follow and like us:
Pin Share