Вистината за нашата земја опеана во песната на Кико и Болеро “Земјо, Ти Благодарам”

Please follow and like us:
Pin Share

Кико и група Болеро го промовираа видео записот за песната “Земјо, Ти Благодарам”. Песната е посветена на нашата земја Македонија.

Вистината за нашата земја, опеана во новата песна од Христијан Божинов Кико и група Болеро “Земјо, Ти Благодарам”. Во песната е отпеано дека “Господ ја благословил оваа наша земја”. Тоа е вистината, нашата земја ни раѓа се. Господ ја благословил земјава наша, но ги благословил и Кико и Болеро да ни раѓаат нови хитовски песни. Доста од нивните песни се обнародуваат и на секоја македонска веселба ширум целиот свет каде што ги има македонците се пеат големите хитови “Тапан грми”, “Погана”, “Свадбарска”.

А кога станува збор песната “Земјо, Ти Благодарам”, сите ние би можеле да се пронајдеме во неа. Најпрво земјоделците, па секој чесен работник кој својот леб го заработува чесно и се храни од ова парче земја. Многу луѓе се расплакаа слушајќи го текстот, волшебниот глас на Кико и музиката на група Болеро.

Тие деновиве го промовираа и видео записот за оваа песна, кој воедно е последен за овој период и добија низа пофални зборови и коментари на социјалните мрежи.

Презадоволни се од сите четири песни и видеа, па се надеваат дека истите ќе и се допаднат на јавноста.

-Јас мислам дека луѓето добро ќе ги прифатат песните, мислам дека ќе бидат слушани. Ако не сите барем половината. Треба да снимиме уште две песни, па од осум песни, четири верувам дека ќе бидат големи хитови. Има и за помладите и за постарите, така да верувам дека ќе бидат слушани.-истакна Кико при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Во изминатиов период Кико и група Болеро веќе го комплетираа и албумот со кој што во месец декември ќе заминат на престојната голема Австралиска турнеја. Како што откриваат при интервјуто на турнејата ќе останат месец дена, а ќе остварат бројни концерти низ сите градови каде што ги има нашите македонци.

Пред да заминат во Австралија, на 16 ноември ќа настапат на голема хуманитарна забава во Швајцарија, во организација на Македонското друштво Пирок, а веднаш потоа имаат и концерт во Германија.

Во продолжение погледнете го видеото за песната “Земјо, Ти Благодарам” !

Please follow and like us:
Pin Share