Мендо Ташкоски и Димитар Настески промовираа заедничко оро

Please follow and like us:
Pin Share

Мендо Ташкоски и Димитар Настески во студиото на ИН Продукција го промовираа нивното заедничко инструментално дело, орото “Елено моме”. Освен ова дело, Мендо промовираше уште две од кои едното е посветено на неговата ќерка Софија.

“Елено моме” е насловено новото иструментално дело на познатиот хармоникаш Мендо Ташкоски од Прилеп. Станува збор за прекрасно оро кое што е во соработка со неговиот колега Димитар Настески на кларинет. Тие деновиве гостуваа во студиото на ИН Продукција при што го промовираа нивното заедничко дело, за кое се надеваат дека ќе биде добро прифатено од јавноста, но и дека ќе биде барано на нивните настапи.

-Третото оро го направивме заедно со мојот колега Димитар Настески на кларинет. Снимено е во моето студио, музиката и аранжманот се мои. Бас гитара свири Кире Гаралоски, Маријан Стоименов свири ритам гитара. Сакавме да направиме композиција која ќе се свири на свадби затоа што ние сме членови на групата Балканика и сакавме да имаме наша композиција која што ќе ја изведуваме на тие веселби каде што настапуваме. Па дојдовме до заклучок дека треба да направиме едно Елено оро и токму таков е почетокот, како познатото Елено оро, во малку постар стил и потоа следи нашата композиција која до пред два дена се работеше во студио и се надевам дека ќе им се допадне на гледачите.-истакна Ташкоски, во интервјуто за ИН ТВ.

Покрај “Елено моме”, Мендо промовираше уште две ора, “Моминско оро”, како и орото “Софино” кое што е посветено на неговата ќеркичка Софија.

За следниот период Мендо најавува и самостоен албум со неговите авторски дела.

Please follow and like us:
Pin Share