Влатко Гајда и Соната бенд од Мелбурн резервирани до ноември следната година

Please follow and like us:
Pin Share

Бројни ангажмани периодов во Австралија има Влатко Мелбурн-Гајда заедно со “Соната бенд”. Агендата им е полна, а резервирани се до ноември, наредната година.

По краткиот престој во Македонија, познатиот гајдаџија Влатко Мелбурн-Гајда се враќа во Австралија. Како што истакна тој при неодамнешното интервју за ИН ТВ, веднаш откако ќе пристигне во Мелбурн започнуваат, односно продолжуваат неговите работни ангажмани и настапи заедно со неговите колеги од “Соната бенд”. Нивната агедна во есенскиот период е полна, а резервирани се до месец ноември следната година.

-Се враќам во Австралија и одма во недела имаме свадба заедно со бендот, продолжуваме со настапи и доста сме барани. Резервирани сме дури до ноември следната година.-открива Влатко, за естрадниот магазин Естрада плус.

Влатко и Соната бенд сеуште немаат закажано настап за Дочекот на Нова година, но тој период како што вели Влатко, повеќе сакаат да го поминат со нивните најблиски.

-Сега засега немаме ништо конкретно закажано за Нова Година. Понекогаш сакаме и малку да одмориме со фамилијата во тој период за време на Божик или Нова Година, после тоа почнуваат повторно натапите на свадби, крштевки итн.-додава тој, за гледачите на ИН  ТВ.

Периодов, Влатко Мелбурн-Гајда сними ново инструментално дело, кое што е насловено “Волинска гајда” и е посветено на селото Волино од каде што потекнува неговата мајка. Музиката и аранжманот се на Златко Миладиноски, а снимено е кај Љупчо Соколовски Бубе. Орото “Волинска гајда”, Влатко го промовираше деновиве во студиото на ИН Продукција.

Во продолжение погледнете го видеото од неговото ново интрументално дело “Волинска гајда” !

Please follow and like us:
Pin Share