ММД “Илинден” од Швајцарија организира голема македонска забава во близина на Цирих

Please follow and like us:
Pin Share

ММД “Илинден” од Швајцарија организира голема македонска забава во ,,Штандхале”. Ќе настапат Саксофонистот Демо Шавлев, Дамјан Стојаноски, Сања Ристеска, придружувани од ,,Премиер Бенд” и Џељо Дестановски.

Македонско младинското друштво ,,Илинден” од Швајцарија во сабота на 26 октомври  во ,,Штандхале” кај Диеткон во близина на Цирих, организира македонска забава на која ќе земе учество струмичанецот Демо Шавлев кој знае да направи одлична атмосфера на саксафон.

Освен Демо Шавлев на забавата ќе настапат и Дамјан Стојаноски кој негува исклучиво македонски традиционални песни, како и атрактивната Сања Ристевска кои ќе бидат придружувани од ,,Премиер Бенд” и Џељо Дестановски на зурла.

Како што информираа организаторите за помладите е планирано диско забава, богата лотарија, но и бројни изненадувања за сите присутни гости кои на 26 октомври ќе бидат дел од македонската забава на Македонското младинско друштво “Илинден”.

Please follow and like us:
Pin Share