Во моментов е една од најбараните пејачки од македонската естрада, бидејќи нејзините настапи периодов се во голем број. Сани во интервју за ИН ТВ открива дека енергијата ја црпи од нејзините дечиња.

Освен по убавите песни и нејзиниот атрактивен изглед, Сани е добропозната на јавноста и по бројните настапи кои што ги има во текот на целата година, без разлика дали станува збор за летен или зимски период. Во моментов таа е една од најбараните македонски пејачки. Во интервју за ИН ТВ таа ни раскажа како помина летниот период за неа, потенцирајќи дека настапите продолжуваат и во есенскиот период, а ги има во доста голем број.
–Летниот период беше доста напорен за мене, бидејќи работев од понеделник до недела секој ден. Не дека сега помалку работам, работам од вторник до недела. Го поминавме одлично летото, но сега пак започнува нова сезона.-истакна познатата пејачка, за естрадниот магазин Естрада плус.

-Но, не може само да се работи.-вели таа додавајќи дека мора да се снима и нов материјал, бидејќи нејзините обожаватели го очекуваат тоа.
-Не може само да се работи, мора да се одвои време и за снимање. Бидејќи бев ангажирана секој ден со настапи малку паузирав од снимањата, меѓутоа морам сега поради моите фанови да се вратам на снимањето нови песни и спотови.-додава таа, за гледачите на ИН ТВ.
Се разбира, за да може сето ова да го издржи, нејзе и е потребна навистина голема поддршка, но пред се позитивна енергија која како што вели ја црпи од нејзините две дечиња.
Сани деновиве го промовираше спотот за нејзината најнова песна “Хаос”, кој што наиде на доста позитивни коментари од јавноста.
