Еден самостоен албум и уште еден заедно со неговата група Плетенка, најавува младиот и талентиран пејач Марко Трпчевски. Покрај најновата преработка на патриотската песна “Внуци на Гоцета”, како што вели веќе се подготвуваат нови авторски песни.

Група Плетенка од Битола се добро познати на јавноста по тоа што ја негуваат македонската песна. Тие се доста барани низ нашата земја, а најчесто настапуваат на семејните прослави во Битола, Ресен и Прилеп.
Пред извесно време во студиото на ИН Продукција ни гостуваше машкиот вокал на група Плетенка, Марко Трпчевски кој што ни откри дека во следниот период ќе има и албум, еден негов самостоен и еден албум заедно со групата.
-И заедно со група Плетенка планираме да издаде едно цд, но ќе има и мој самостоен албум. Најповеќе соработуваме со Златко Миладиноски, претежно песните ќе бидат негови. Имаме и наши авторски песни од групата, но здравје ќе видиме. Ќе има и неколку преработки на познати македонски народни песни.-истакна Трпчевски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Марко деновиве ја претстави и неговата најнова преработка, овојпат на македонската патриотска песна “Внуци на Гоцета”. Во интервјуто за ИН ТВ тој ни раскажа дека оваа песна е посебна за него, бидејќи ја сака и ја пее уште од многу одамна, односно уште кога бил мало детенце. Тој вели дека “Внуци на Гоцета” претставува код за тоа кои сме и од каде сме и ја посветува на сите македонци.
Но, Марко тука не запира. Веќе за периодот кој што следува тој најавува неколку нови авторски песни.
