Цеца наскоро ќе стане баба

Please follow and like us:
Pin Share

Српската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ ќе стане баба. Богдана, свршеницата на нејзиниот син Вељко е во вториот месец од бременоста, пишуваат српските медиуми.

Таа треба да се породи на пролет, а веста за бременоста на Богдана, идните родители засега ја споделиле само со семејството. Цеца изјавила дека е пресреќна што ќе стане баба.

„Пресреќна сум, ова е многу убава вест за моето семејство. Се радувам и не верував кога ми соопшти Вељко, а потоа сите емоции се измешаа. Не умеам да го опишам чувството, се уште сум под еуфорија. Снаата ќе ја пазам и мазам уште повеќе, за новиот член да ни стигне во веселба и радост“, напишала Цеца на Инстаграм.

Инаку, познатата пејачка неколку пати изјавила дека откако Вељко се вери со Богдана, таа добила уште една ќерка.

„Не се мешам во изборот на љубовните партнери на моите деца. Богдана е прекрасна девојка, со добра душа и одлично воспитување“, вели Цеца.

Please follow and like us:
Pin Share