Марко Трпчевски препеа песна за сите македонци-Песна која е код, кои сме и од каде сме

Please follow and like us:
Pin Share

Марко Трпчевски ја препеа песната на сите македонци. Песната “Внуци на Гоцета” која е код, кои сме и од каде сме.

Младиот и талентиран пејач Марко Трпчевски во студиото на ИН Продукција ја промовираше неговата најнова преработка. Тој овојпат одлучи да ја препее познатата патриотска песна “Внуци на Гоцета”, за која што вели дека е песна за сите македонци, односно претставува код за тоа кои сме и од каде сме.

Се одлучил за оваа песна, бидејќи ја пее уште од мали нозе и е една од неговите омилени македонски песни.

-Тоа е преработка на македонска песна Внуци на Гоцета, која ја сработивме пред извесен период заедно со Златко Миладиноски. Тематиката е патриотска, а јас од мали нозе сум со таа музика македонска, исклучиво патриотски и останатите македонски песни. Песната ми е омилена уште од мал и затоа токму за неа одлучив да направам и преработка.-истакна Марко, при интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, Марко е вокал на група Плетенка од Битола кои во моментов се едни од најбараните млади музичари во нашата земја. Тој за следниот период најавува нови песни и комплетирање на албум.

Please follow and like us:
Pin Share