Балада за ранети срца : Даниел од група Респекти најавува и одличен спот

Please follow and like us:
Pin Share

Наскоро, нова прекрасна балада од Даниел Сидовски, која ја посветува на сите личности со ранети срца. Песната “Те сакам” добива и спот, кој во моментов го работи ИН Продукција.

По бурниот летен период кој што го имаше заедно со неговата група Респекти, вокалот Даниел Сидовски деновиве одвои време за да сними спот за неговата најнова песна која носи наслов “Те сакам”. Спотот се снимаше на неколку интересни локации низ Скопје, а покрај Даниел, како главен женски лик се појавува атрактивната русокоса Сара која успеа одлично да ја одигра нејзината улога.

-За да му кажеш на некого Те сакам, треба да го чувствуваш тоа и да го осетиш. Ние пробавме да го доловиме тоа бидејќи Сара ми е блиска и долгогодишна другарка. Снимавме на повеќе локации низ Скопје. Го искористивме Градскиот парк, дел се снимаше во прекрасниот хотел Капитол во населба Аеродром. Не можевме, а да не снимиме на нашиот убав плоштад. Би ги поздравил моите Респекти бидејќи и тие учествуваа во овој спот, ми помогнаа да доловиме некои интересни сцени.-изјави Даниел, за естрадниот магазин Естрада плус.

Текстот за песната Те сакам го  напиша Даниел, кој што верува дека во оваа песна ќе се пронајдат сите оние луѓе кои имаат рането срце.

-Оваа песна се вика Те сакам и ја направив со намера и како наслов и како една убава балада, да допре малку повеќе до публиката бидејќи имаме доста ранети срца. Оние што не се ранети јас не би им препорачал да си направат такво зло и да бидат на тој степен, но секој што ќе ја слушне песната сигурно ќе ја осети длабоко во себе дека можеби некогаш нешто ќе им се случи. Текстот го напишав јас, ми дојде некоја инспирација, не дека ми се случило мене како приказна иако на секој му се случува. Го напишав за брзо време и си реков ајде да ја реализирам песната и да направам еден убав спот за неа.-открива тој, за гледачите на ИН ТВ.

Даниел се надева дека и спотот и песната ќе бидат добро прифатени од јавноста. Спотот се очекува во најскоро време да ја добие својата премиера на сателитската ИН Телевизија.

Please follow and like us:
Pin Share