“Македонската селска гајда” му донесе повеќе слава на младиот Петар

Please follow and like us:
Pin Share

Младиот гајдаџија Петар Ангелески кој стана познат по своето прво музичко дело кое го преточи пред публиката низ видео запис, од година во година постанува се повеќе баран кај народот и публиката. Тој во периодов подготвува нова гајдаџиска инструменталка. Исто така додава дека претходната “Македонска селска гајда”, му донесе многу повеќе слава и стана повеќе познат на македонската музичка сцена.

-Сите беа изненадени, во главно на позитивно. Сепак има луѓе кои даваат и некои негативни критики за тоа што ќе го снимиш, барем тука кај нас во Македонија. Во глобала критиките беа позитивни. Сите познаници, пријатели и роднини што ги знам беа изненадени и восхитени од видео записот. Познат да, во смисла ја  раширив гледаноста, ме распознаа многу повеќе луѓето како во Македонија, така и надвор од границите на нашата земја. Почнав и со свадби во Србија ова лето имам повторно и засега мислам дека е супер, вели Петар.

За Петар, слободно можеме да кажеме дека е еден од помладите гајдаџии во нашата земја, кои го сакаат овој инструмент и творат македонска музика на него, со оглед на фактот што токму гајдата продуцира  специфичен звук.

-Има млади деца кои свират ама сеуште не се прочуени. Јас лично до 2015 не ме знаеше никој, а свирам гајда од 2012 година. Пред две години популарноста на народните инструменти стана голема , значи повеќе ме бараат , трубачи бараат, гајди, кавали, зури, тапани најчесто, додава Петар.

Петар минатата година во соработка со ИН продукција го направи видео записот за неговата инструменталка “Македонска селска гајда”. Местото каде што е изработен видео записот во Демирхисарскиот регион.

Please follow and like us:
Pin Share