Група “Чардак” со маестрален концерт го одбележа својот 20-ти јубилеј

Please follow and like us:
Pin Share

Маестрален јубилеен 20-ти концерт приреди синоќа охридската група “Чардак” пред публиката во Центарот за култура “Григор Прличев”. Пред преполната сала “Чардак” направи вистински спектакл, како со изборот на песни кои ги имаа подготвено така и со прекрасниот перформанс на нивната изведба во живо. Чувството е неописливо, после еден ваков прекрасно поминат концерт, истакна Златко од групата.

-Со оглед на тоа дека прв пат правиме концерт, досега ние секаде бевме и одевме за луѓето а сега луѓето дојдоа за нас. Една голема група на луѓе да ти аплаудираат, да ти даваат голема енергија, за возврат е нешто прекрасно. Можам само да зажалам досега што сме немале концерт направено, а сме можеле бара голема организација но во секој случај неописливо е чувството. Значи прекрасно нешто, без зборовите на Златко веднаш по завршувањето на концертот.

Концертот беше збогатен и со специјалните гости кои беа поканети од страна на “Чардак” а кој на своевиден начин значат и за нивни блиски музички соработници но и пријатели.

-Ни ја збогатија вечерта и не почастија со нивното присуство, големиот Наум Петрески, Елена Велевска, Татијана Стевановска, нашиот долгогодишен соработник на саксафон Фадил Исмаилоски , Митко Бежаноски кој веќе го сметаме како дел од групава затоа што не прати на секој проект наш и мојот син Бајрам Рамаданоски, кој што веќе почнува и Симе Нелоски на синтисајзери, истакна Џевад , виолинист од група “Чардак”.

Групата “Чардак”на овој концерт во буквална смисла на зборот покажа и докажа дека се навистина маестрални во својата професија, музиката. Отсвирија бројни големи рефрени, од сплетови на охридската староградска песна, охридскиот мелос на садило, па се до модерни звуци.

-Целата замисла на овој концерт е да биде , да свириме она што сме го свириле овие дваесет години, она што го свириме на секоја свикра. Самата замисла беше, ова сме ние. Добро знаете дека во охридските ресторани се свири се и сешто, мораме да сме спреми на секаква музика, зошто имаме голем број туристи од секоја земја и секој би се осетил добро ккога би слушнал барем една или две песни на мајчин јазик. Групата “Чардак” не е имуна на квалитетна музика, истакна Златко.

Посебни пофални зборови за добрата организација на концертот упатија големото музичко име Наум Петрески како и Татијана Стефаноска кои допринесоа за дополнително позитивната атмосфера.

-Концертот беше на многу високо ниво. организиран многу убав концерт. Штета што нема почесто вакви концерти, затоа што овие случки го одликуваат еден град, а Охрид ја има во изобилие, истакна Наум.

-Одлично, нашата дружба е многу одамна. Добро се познаваме со музичарите, тие се и наши пријатели, покрај мојот сопруг. Одличен концерт , кога нешто се прави од душа и спонтано, публиката многу тоа го приметува и поубаво го доживува. Голем дел од нив познато тоа што го свири група “Чардак” но вака на една ваква бина, доживувањето е малку поинакво. Покажаа зошто постојат 20 години, истакна Татијана Стефановска која беше дел од овој концерт.

Како што претходно беше најавено овој концерт беше со хуманитарен карактер, при што собраните средства ќе бидат донирани за лекување на малечката Мила Димоска од Охрид. Она што од “Чардак” го најавија е дека почесто ќе има вакви концерти, дури и еднаш годишно со цел, доближување до охридската публика.

Please follow and like us:
Pin Share