Досега неслучено, распродадени сите концерти на доајенот на македонската песна Наум Петрески во Австралија

Please follow and like us:
Pin Share

Предвреме се распродадени речиси сите влезници за сите негови најавени настапи во далечната земја, иако доајенот на македонската народна песна Наум Петрески на 16-ти мај заминува за Австралија.

Како што на големо се зборува за сите негови настапи така и на големо го очекуваат нашинците во оваа прекуокеанска земја. Секако, Наум е во исчекување на сите негови настапи а гарантира пред се добра забава и дружење со македонците во Австралија.

-Очекувањата се да поминеме убаво. Да не чува Господ сите, да полетаме , да слетаме добро и да помине се во најдобар ред како што треба. Голем поздрав до Васко и до нашата ИН телевизија која ќе пренесува се во живо и мислам дека ќе биде многу интересна турнеја. Репертоарот е 90 посто моја музика, значи се е спремно, напишано , се очекува да почниме. Ќе биде прекрасно како и секојпа во Австралија сум немал лош впечаток. Секојпат било се во најдобар ред. Очекувам така да биде и сега, да бидат полни салите како што е веќе и најавено и останува само да се видиме за неколку дена, вели Наум.

На оваа двомесечна австралиска турнеја Наум ќе биде заедно со својата сопруга Зуица Лазова, музичарите Илија Тотовски Тота и Џевад Рамаданоски, како и за прв пат во нивна придружба ќе оди и екипа од ИН продукција од Охрид. Сите настапи од ова големо македонско име како што е Наум, ќе бидат пренесувани во живо преку неколкуте канали.

 

Please follow and like us:
Pin Share