Песната којашто ја подготвува Ангел Стојкоски, ќе биде фестивалска !

Please follow and like us:
Pin Share

Ангел Стојкоски со позитивно мислење за фестивалите низ земјава. Тој вели дека песната којашто ја подготвува во моментов можеби ќе биде фестивалска, а негова желба е да настапи на Роса фест.

Ангел Стојкоски е релативно млад и нов пејач на македонската естрада. Тој неодамна започна соло кариера и сними видео запис за преработката на старата изворна песна “Абер ми дојде од Солуна града”. Но тука не запира, веќе подготвува нова песна со која како што вели би сакал да земе учество на некој од фестивалите низ земјава.

-Секако со задоволство, следната песна можеби и за тоа ќе биде наменета. Засега немам настапувано, но сакам тоа да го направам. Тоа што го слушнав е добро, во живо треба да се изведува македонската музика и се надевам дека на Роса Фест ќе настапам со мојата песна.-истакна Стојковски при неодамнешното интервју за ИНТВ.

Младиот и талентиран пејач периодов е зафатен со голем број ангажмани, најчесто на семејните прослави. Тој соработува со голем број бендови, но најповеќе ја издвојува соработката со клавијатуристот Илија Тотовски-Тота.

-Најчесто настапувам по приватни забави, крштевки, свадби, ресторани. Инаку соработувам со Илија Тотовски-Тота, а се надевам дека таа соработка ќе трае долго.-додава тој.

Покрај настапите низ земјава, Ангел минатата година оствари успешна турнеја во Франција заедно со неговите колеги клавијатуристот Кирил Митрески и саксофонистот Александар Ложаноски, а веќе е во преговори за кратка турнеја во Италија за периодот кој следи.

Please follow and like us:
Pin Share