
Концерт кој ке се памети долго и за кој ќе се раскажува уште подолго, од сите оние кои беа присутни на јубилејниот концерт од големата фок ѕзведа Марјан Коцев.
Македонската опера и балет беше буквално претесна за да ги собере сите оние кои беа решени да бидат дел од овој незаборавен концерт, на кој Марјан беше придружувн од неговиот верен “Дрим тим”, а како специјална гостинка на концертот беше незаменливата Анета Мицевска од групата “Молика”.
-Генерално убаво беше. Полна сала. Оркестарот подготвен, благодарност до нив, благодарност и до сите гости. Се на се убаво беше,благодарност и до гостинката Анета Мицевска од “Молика”. Тоа што направивме го направивме сите заеднички. Со Ането испеавме и еден дует, една антологиска, тешка песна. Некако ми помина брзо вечерта, истакна Марјан.
Посебно што остави најголем впечаток е кога Марјан ја отпеа неговата најголема хитовкска песна “Ти само ти”, каде публиката беше буквално на нозе и на некој начин владееше делириум во целиот објет на МОБ.
-Таа песна, која ете веќе сите ја знаат. Тоа е моја лична карта, на мое задоволство сите ја знаат, сите ја пеат. Така да еднаш јас ја почнувам, а потоа публиката продолжува. Во секој случај убаво. Жалам што немаме поголема сала за да има повеќе народ , за таа еуфорија и атмосфера биде уште поубава, повесела, пожива. Се надеваме дека до следниот концерт ќе имаме друга поголема сала, истакнува Марјан.
За понатамошните планови и реализации Марјан најави снимање на нови песни и албум во скоро време.