Стојне Николова и Бобан Мојсовски со голем број настапи во земјава и надвор од неа

Please follow and like us:
Pin Share

Стојне Николова и Бобан Мојсовски со голем број настапи низ земјава и надвор од неа. Неодамна беа во Швајцарија и Германија, а се подготвуваат за нивните следни концерти во Шведска, Австрија, Англија. Во преговори се и за поголема турнеја во Америка.

Скоро четири години настапуваат заедно. Стојне Николова и Бобан Мојсоски гостуваа во емисијата “Промо” при што истакнаа дека имаат голем број настапи периодов низ целата земја, но често патуваат и надвор од Македонија.

-Често патуваме низ Македонија. Во последниве месеци најчесто сме Гостивар и Скопје, меѓутоа знаеме да отидеме и Кавадарци, Велес. Сега засега се тие релации и надвор од Македонија. За тука се овие релации, меѓутоа надвор од Македонија патуваме  нон стоп.-истакна Бобан.

Тие неодамна имаа концерти во Швајцарија и Германија, каде биле одлично пречекани, а и двата концерти биле исполнети до последното место.

-Во Швајцарија бевме за Нова година, заедно со нашите колеги Милан Зафков и Ице Атанасовски. Имавме само еден настап, за дочекот на Нова година и потоа се вративме на настапите овде во Македонија. За Стара Нова година бевме во Дортмунд, Германија заедно со Гоце Димовски и Александар Јосифовски. Преубаво си поминавме, секогаш сме преубаво пречекани. Имаше доста голема посетеност и на двата концерти.-вели Стојне.

За следниот период Стојне и Бобан ги најавија турнеите во Гетебург-Шведска на 28-ми Април, 26-ти Мај во Линц-Австрија, 01-ви Април, Бобан ќе биде во Англија. Во моментов се во преговори за концерт во Италија во месец октомври и турнеја во Америка за Нова година.

Please follow and like us:
Pin Share