По враќањето од Австралија, Ѓоко Јовиќ ќе промовира два спотови и албум

Please follow and like us:
Pin Share

По одличната Австралиска турнеја, Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд се враќаат во Македонија. Ѓоко во најскоро време ќе ги промовира двата нови спотови кои ги сними во Австралија, како и најновиот поп албум.

Нашинците од Мелбурн, Сиднеј, Перт, Камбера, уште долго време ќе ги паметат концертите и сите забави кои им ги приредија Ѓоко Јовиќ и „Енерџи бенд“ изминатиов период.

Преполните сали и ресторани се само доказ за успешната турнеја, која дефинитивно ќе биде запаметена како една од најдобрите организирани за Македонците во далечната Австралија.

Покрај многубројните настапи, Ѓоко најде време да сними и два спота за неговите најнови песни „Корени“ и „1001 ноќ“, на кои како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковска.

Спотовите ги изработи професионална екипа, која во Австралија има работено на многу големи и важни проекти. Но, најмногу би сакал да се заблагодарам на менаџерот Влатко Јовески и неговото семејство.- изјави популарниот пејач.

За разлика од претходните албуми, Ѓоко овојпат на својата публика ќе и подари поп-албум, кој ќе биде промовиран во скоро време, а промоција ќе има и на двата видеоспота.

Please follow and like us:
Pin Share