Почина познатиот македонски рок музичар Симеон Иванов-Канго на 67 годишна возраст. Веста е објавена на неговиот фејсбук профил.

По долго боледување, на 67 години почина познатиот македонски рок-музичар и гитарист, Симеон Иванов – Канго.
“На денешен ден 26.03.2018 почина нашиот сакан и почитуван творец, патриот и уметник Симеон Иванов Канго! Нашиот сопруг, татко и дедо. Бог да го прости, со сочувство од фамилијата”, е напишано на неговиот Фејсбук профил.
Инаку, Канго е основач на културното движење „Мактеон“ кое има за цел да ја промовира македонската нација, култура, јазик, земја, а особено античко-македонското наследство на денешниот македонски народ.

