
Германската Телевизија РТЛ сака да сними документарец за приватниот живот на познатата музичка ѕвезда Северина. Останува да видиме, дали таа ќе го прифати овој предлог од кој би заработила 25 илјади евра.
Една од најпознатите регионални музички ѕвезди, Северина Вучковиќ, стана интересна и за Германците, особено нејзиниот приватен живот, па затоа пејачката доби една интересна понуда од нив.
Имено, продуцентите на германската телевизија РТЛ, сакаат да снимат филм за Северина во форма на документарец, а за потребите на снимањето мораат да ја следат, односно да бидат заедно со неа пет дена и да ги документираат нејзините секојдневни активности.
За таквото искуство таа би добила 25 илјади евра. Наводно, на Севе и се допаднала ваквата идеја, но се уште не се согласила. Дали ќе има договор или не, останува да видиме…