
“Македонијо не те даваме” е најновата песна на пејачката Сања Ристеска. Како комплетен автор на песната се потпишува познатиот композитор Гоце Костоски-Пејак. Сања за скоро време најавува снимање на спот за оваа песна.
Фолкерката Сања Ристеска сними нова песна со наслов “Македонијо не те даваме”. Песната беше промовирана во студиото на ИН Продукција, а за скоро време за истата ќе биде изработен и спот.
-Песната е посветена за сите Македонци во нашата Македонија, а се одлучив на таков чекор бидејќи сакам нешто ново да донесам на музичката естрада. Ќе слушнат и погледнат нашите гледачи, па нека оценат самите.-истакна Сања.
Песната е комплетно дело на композиторот Гоце Костоски-Пејак, а ја опишува моменталната ситуација во нашата земја.
-Јас кратко ќе кажам дека оваа песна ја кажува вистината која се случува кај нас во државата, бев инспириран од тоа и една голема порака до сите наши македонци и во нашата земја и насекаде во светот, едноставно да си посветиме повеќе внимание за нашата Македонија, затоа што ни е една и единствена.-вели Гоце Пејак.
Инаку, ова е нивни четврти заеднички проект, а се надеваат дека нивната соработка ќе продолжи и во иднина.