“Fric Brothers” ја промовираа нивната најнова песна “А ти ме палиш”

Please follow and like us:
Pin Share

Гости во ИН Продукција беа момците од “Fric Brothers”, кои ја промовираа нивната најнова песна која носи наслов “А ти ме палиш”. Бендот постои скоро 20 години на македонската естрада.

“Fric Brothers” перидов снимија две нови песни. Тие во студиото на ИН Продукција ја промовираа песната “А ти ме палиш”, која е во поп-рок верзија.

-Ова е мое лично дело и текст и музика. Имаме снимено и уште една снимено таа е со наслов Пеј песно пеј, во наредна прилика ќе ја слушнете и нејзе.-истакна Владимир Софрониевски, вокалот на бендот.

Тие се надеваат дека песната ќе биде добро прифатена од јавноста. За скоро време најавуваат и снимање на видео запис за истата, кој ќе биде во соработка со ИН Продукција.

-Па мислам дека од помладите би била прифатена затоа што има таков дух младелачки. Здравје ќе следи и видео запис со ИН , вашата продукција.-додава тој.

Инаку, бендот постои повеќе од 20 години, а се состои од тројца членови. Како што велат веќе 18 години се актуелни и познати по нивните свирки по рестораните, локалите и семејните прослави.

Please follow and like us:
Pin Share