Моќна како и секогаш. “Није љубав то” е новата песна на Марија Шерифовиќ која тотално ќе ве разнежни.

Марија Шерифовиќ го објави новиот спот за песната “Није љубав то”, кој раскажува една убава и емотивна приказна. Видеото изгледа навистина светски, а Марија им го посвети на своите пријатели.
-Ни популарноста, ни славата, ни парите, неможат да ги надоместат важните моменти во животите на моите најдраги луѓе. Ова е за вас.-се вели во дел од пораката која таа ја објави на својот Фејсбук профил.

