Фаворити бенд од Гостиват од самите почетоци досега ,се во потполно ист состав. Од бендот велат дека не изостанува нивната соработка и со голем број пејачи и музичари од македонската естрада.
15 години опстојуваат на македонската естрада и тоа во потполно истиот состав. Фаворити бенд од Гостивар соработуваат и со голем број музичари од нашата земја, без разлика дали станува збор за вокални солисти или инструменталисти.
-Во концептов на Фаворити бенд повремено гостувале добар дел од македонската естрада од женски вокали. Би било неблагодарно сега сите да ги споменувам. А во последно време кога имаме потреба од женски вокал имаме соработка со една наша колешка, Сара Камчева од Кавадарци. Таа вокална солистка и наша многу блиска пријателка и соработничка. А останатите споменав скоро сите од естрадата имаат работено со нас, дали вокални солисти, дали инструменталисти, зависно од потребата на конкретната свирка.-истакна Драган.
Тапанарот на Фаворити во слободно време пишува и добри текстови, а истите и ги подарува на дел од македонските естрадни уметници и негови блиски соработници.
-Јас лично во слободно време се занимавам и со пишување текстови. Успевам за еден добар дел од нив да напишам и по некој текст којшто им се допаѓа и да ги подарам. Неколку текстови се веќе испеани, ете на нашиот колега Славко Зафировски, песната “Бела Маре” е мој авторски текст, музика на Златко Миладиноски. Со него работиме на уште една песна која за скоро ќе биде реализирана.-вели тој.
Драган додава дека во 2016-та групата “Прогресив” од Тетово на Охрид Фест ја добиле втората награда од стручното жири, како и најдобар текст за песната “За вас пеам другари”, кој истотака е негов авторски текст.