Методија од Струга млад со бројни настапи позади него

Please follow and like us:
Pin Share

Младиот стружанец Методија Столески има само петнаесет години а е длабоко навлезен во музичките води, со бројни настапи на домашни и меѓународни фестивали. Недоамнна Методија го бележи и својот прв настап

на “Гоце Фест”, каде остави највпечатлив позитивен белег пред публиката. Учи во средното музичко училиште во Струга а планира и понатака да ја продолжи својата музичка наградба како во учењето така и практично низ песните.

-Учам средно музичко училиште во Струга. Имам настапено на многу детски фестивали, меѓународни детски фестивали низ Европа. Во Македонија челнував во детскиот фестивал “Златно славејче”, имам три песни таму, вели Методија.

Методија бележи и бројни настапи надвор од нашата земја, пред се околу соседството но и поширко.

-Имам освоено прва награда на фестивалот “Златна пахуља” во Црна Гора, тоа беше детски меѓународен фестивал. Таму настапив со мојата прва песна, “Песна за Македонија”. Настапував во Белград на “Радост Европе”, во Бугарија на фестивалот “Златни јаболка”, таму зедов исто прво место. Бележам настап и во Хрватска на фестивал, каде истиот фестивал се одржа и во Македонија па ме повикаа да пејам повторно, вели Методија.

Накратко кажано Методија како мошне млад и музички талентиран пејач буквално плени со својата појава на сцената и нималку не ја остава рамнодушна публиката било каде и да е, при неговите настапи. Токму затоа зад него се бројните награди и признанија, а доколку продолжи и понатака му претстои блескава музичка кариера.

Please follow and like us:
Pin Share