И Викторија Лоба позираше во “гол фустан” како повеќето познати дами на Оскарите. Лоба изгледа изворедно во модел на “Драма” и познатата Ивана Кнез.

Деновиве низ целиот свет во фокусот беа филмските награди Оскар кои се случија по 90-ти пат. Иако филмот треба да биде во прв план, модата на црвениот килим не ретко го има ова место на гламурозно случување.
Но, црвениот килм не е само пред Долби Театарот, туку и на забавите кои се случуваат по Оскар. Токму изгледите на тие забави беа во центарот на вниманието, а најмногу „голите фустани“ во кои кои се појавија повеќето од познатите дами.



Ниту нашите познати Македонки не останаа рамнодушни на ваквиот модел на транспарентен фустан, кој открива како однапред, така и одзади. Една од оние кои пред извесно време го пробаа, беше и поп-пејачката Викторија Лоба. Таа не ретко претпочита македонски дизајн, а ваквиот модел го избра од модното студио „Драма“ на Ивана Кнез.

А кога нашата Лоба носи ваков фустан, тоа е празник за очи, независно дали во него позира однапред или одзади.

