„On the run 2“ е називот на новата турнеја на Бијонсе и Џеј Зи. Тие уште не потврдиле на кој датум кога ќе започне турнејата, но Ticketmaster веќе започнале со продажба на картите.

Славниот брачен пар поп дивата Бијонсе и раперот Џеј-Зи, подготвуваат заедничка турнеја за лето 2018 година, што предизвика воодушевување кај милиони нивни обожаватели. Иако тие официјално не потврдија како ќе ја започнат турнејата, Ticketmaster веќе почна да продава карти за нивната турнеја под назив „On the run 2“.

Судејќи според најавата, првиот концерт ќе го одржат на 30 јуни на стадионот „Lincoln Financial Field“. Информации околу споменатата турнеја беа објавени и на официјалната Facebook страница на Бијонсе, но набргу беа избришани. Меѓутоа, верни обожаватели набргу успеале да направат скриншот од оваа објава.

Предпродажбата на каритите за „On the run 2“ би требало да почне на 3 јуни во 10 часот наутро.
Инаку, Бијонсе и Џеј-Зи пред четири години ја одржаа својата прва заедничка турнеја, тогаш под назив „On the run“, кога посетија голем дел од градовите во САД.
